Артета потврди: Една од ѕвездите ќе го пропушти дербито со Манчестер сити

Арсенал доби лоши вести пред големото дерби против Манчестер сити во Премиер лигата, кое може да одлучи многу работи во трката за титулата во шампионатот.

Тренерот на „топчиите“, Микел Артета објави дека надвор од конкуренција за настап е Букајо Сака, кој сè уште не се рехабилитирал по повредата.

Манчестер сити го пречекува Арсенал на „Итихад“ в недела од 17.30 часот.

Фото: Facebook/Arsenal