Играчите на Реал го одбраа тренерот за следната сезона, последниот збор го има Перез

По вчерашната елиминација од Лигата на шампионите, јасно е дека Реал Мадрид и втора сезона по ред ќе заврши без освоен трофеј, тоа го поттикна прашањето кој ќе биде следен тренер.

Информациите од „Марка“ велат дека ако се прашуваат фудбалерите тие би му ја дале довербата на Арбелоа да продолжи да ги води и во наредната сезона.

Наводно, клучните играчи на Реал Мадрид ја ценат неговата конекција со тимот, неговиот баланс меѓу авторитетот и блискоста со фудбалерите како и јасниот идентитет кој се обидува да го изгради.

Но, дали Арбелоа ќе остане или ќе дојде друг тренер, ќе одлучи првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Неговиот став досега беше дека ако Арбелоа не освои трофеј оваа сезона, ќе ја загуби работата.