Стефан Тренески заврши на 10. место во втората трка во Формула 4

Македонскиот натпреварувач Стефан Тренески го освои 10. место на втората трка во Формула 4 во рамки на ЦЕЗ-Дивизијата.

Тренески во конкуренција на 27 возачи успеа да заврши на 10. позиција на легендарната „Ред Бул Ринг“ во Австрија.

Младиот и талентиран возач вчера имаше одлична дебитантска трка, односно заврши на 19. позиција по изрекување на казните на другите возачи.