Поранешен европски првак го менува клупскиот грб – навивачите се згрозени!
Иако од клубот ја претставуваат промената како чекор кон модернизација, најголем дел од фановите сметаат дека можело да се направи многу подобро решение. Новиот дизајн беше објавен преку официјалните канали, но реакциите речиси едногласно се негативни. Најголеми критики има за измените на препознатливото слово „М“, кое со години важеше за еден од главните симболи на идентитетот на клубот. Според навивачите, новото лого тешко може да се поврзе со Марсеј и делува како клубот да изгубил дел од својата традиција и автентичност.
Незадоволството експресно се прошири на социјалните мрежи, а поддршката за ваквиот потег речиси и да не постои. Одлуката за промена на грбот доаѓа во исклучително чувствителен период од сезоната. Олимпик Марсеј во моментов се наоѓа во самиот врв на Лига 1 и води жестока битка за пласман во Лигата на шампионите. Тимот е четврт со 49 бода, само еден зад Лил, додека веднаш зад нив е Монако со ист број бодови, а Лион заостанува само еден.
До крајот на шампионатот остануваат уште седум кола, што значи дека борбата за местата кои водат во елитното европско натпреварување ќе биде крајно неизвесна.
ФОТО: EPA PHOTO