Ечвери го мачеше Алкараз, заврши и историската низа на Синер!

Најдобрите двајца светски тенисер се пласираа во четвртфиналето на турнирот во Монте Карло, иако тоа го направија потешко од очекуваното.

Алкараз доминантно влезе во мечот со Аргентинецот Ечвери и првиот сервис го доби со 6-1 за водство од 1-0 во сетови. Сепак, Ечвери не се откажа и го крена нивото на игра во вториот, двапати го одзема сервисот на Алкараз и поведе со 4-1.

Шпанецот до крајот врати еден брејк, но го загуби сетот, Ечвери со 6-4 израмни на 1-1. Пружи отпор Ечвери и во одлучувачкиот сет, меѓутоа Алкараз го скрши на стартот и по голема борба и неколку израмнувања направи брејк и поведе со 2-0. Тој брејк на крајот се покажа и како доволен за конечна победа од 2-1.

Претхоидно денеска со 2-1 во сетови беше подобар од Томас Махач. Во овој меч заврши неверојатната серија на Италијанецот кој така изгуби сет првпат по 186 дена и 37 освоени сета во низа.

Фото: EPA