Со денешните два натпревари во кои победи славеа екипите на Арсими и Струга беше комплетирано 26. коло во ПМФЛ.

Арсими по поразот од Брера во минатото коло на свој терен денеска успеа да дојде до три бода на гостувањето во Ѓорче.

Натпреварот не донесе премногу прилики и двете екипи создадоа по неколку шанси за погодок, а натпреварот беше решен со еден постигнат гол.

Одлучувачкиот момент се случи во 28-та минута кога Јусуфи ја погоди мрежата.

Во вториот натпревар Струга немаше проблеми и лесно се справи со веќе испаднатиот Шкупи со 3-0. Малески за стружани постигна два гола, еден беше дело на Рочи. Малески имаше прилика и да постигне хет-трик, но во 39-тата минута не реализираше пенал.