Проблем во Реал, Белингем е бесен поради една одлука на Арбелоа!

Како одминува сезоната се потешка е мисијата на Алваро Арбелоа да ја држи под контрола соблекувалната на Реал Мадрид.

Тренерот најпрво имаше проблем со Карвахал, потоа со Асенсио, а сега и со Белингем.

Наводно, Англичанецот е фрустриран од одлуката на Арбелоа да го остави на клупата за резерви против Баерн Минхен, а место него да игра младиот Тијаго Питрач.

Белингем се чувствувал фит и верувал дека може да одигра цел натпревар и да даде придонес за победа против Баерн Минхен.

Наспроти ова, Арбелоа на прес-конференцијата по натпреварот рече дека Белингем не е комплетно фит и мора да ја дозира неговата минутажа.