Срамна изјава на менаџерот на Ливерпул: Среќни сме што изгубивме со 0-2
Дезире Дуе и Хвича Кваратскелиа ги постигнаа головите за тимот на Луис Енрике, кој можеше да победи со неколку гола повеќе. Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, го призна тоа по натпреварот, но со својата изјава ги изнервира навивачите на Ливерпул.
„Среќни сме бидејќи загубивме само со 0-2. Но, жал ми е за првиот гол. Оставивме минимален простор и топката се одби од блокот за потоа да заврши во нашата мрежа. Но, ПСЖ имаше многу шанси и добро е за нас што сè уште сме во игра. Сега одиме на Енфилд и знаеме колку можат да ни значат навивачите“, изјави Слот.
Не се случува често менаџер на Ливерпул да биде среќен по пораз, без разлика што тој можел да биде уште поубедлив и што ги остава во игра за пласман во следната фаза. „Црвените“ и лани беа елиминирани од ПСЖ кој потоа ја освои титулата во Лигата на шампионите.