Добри вести: Хамес Родригез ја напушти болницата!

Фудбалерот на Минесота јунајтед, Хамес Родригез минатата недела заврши во болница поради дехидрација, поради која мораше да остане хоспитализиран, но сега пристигнуваат добри вести за неговата состојба.

Минесота преку соопштение потврди дека Колумбиецот се чувствува многу подобро и ја напуштил болницата, а веќе се планира и негово враќање на тренинзи.

Родригез, сепак, ќе биде под надзор на медицинскиот персонал на почетокот на тренинзите со цел повторно да не се влоши неговата состојба.

Колумбиецот досега во кариерата играше за Реал Мадрид, баерн Минхен, Рајо Валјекано и други екипи.

Фото: Facebook/Selección Colombia - FCFSeleccionCol