Бивш фудбалер на Барселона е главен кандидат за наследник на Арбелоа!?

Реал Мадрид на крајот на сезоната планира да се збогува со тренерот Алваро Арбелоа, кој не ги исполни очекувањата на раководството на шпанскиот гигант, а како негов наследник се споменува поранешниот фудбалер на Барселона, Сеск Фабрегас.

Фабрегас работи како тренер на Комо во Серија А и прави вистински чуда, односно се бори за пласман во Лигата на шампиони (ЛШ), а извонредните резултати го привлекоа интересот од „кралевите“.

Шпанските медиуми пишуваат дека Фабрегас бил забележан и на трибините на „Сантијаго Бернабеу“ на дуелот меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен (1-2) во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.