Во Куманово и Кавадарци се отвора 26. коло во ПМФЛ

Со два натпревари во Куманово и Кавадарци во терминот од 15:30 часот денеска ќе биде отворено 26. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Денешните два дуели носат пресметки на екипи кои на табелата се од 4-тото до 7-то место. Силекс кој веќе е далеку од борбата за титула гостува кај Тиквеш кој во вториот дел на сезоната е една од екипите која игра во најдобра форма.

На последните пет натпревари Тиквеш има четири победи и едно реми, серијата од четири триумфи им ја прекина Башкими во минатото коло кога ремизираа 2-2. Силекс од друга страна бележи пад во формата и по четири средби без победа во минатото го дочека веќе испаднатиот Шкупи за да се врати на победничките патеки. Во таква ситуација денеска во Кавадарци тешко е да се каже кој ќе ја има фаворитската улога.

Во вториот натпревар во Куманово шестопласираниот Башкими ќе ја пречека Брера која е позиција подоле со пет бода помалку. Башкими не игра со формата од првиот дел од сезоната , па во Струмица секако гледаат прилика за бодови со кои би побегнале на Арсими кој е прв тим од позициите кои не обезбедуваат сигурен опстанок.