Брутална тепачка во Франција: Летаа боксови, падна и крв на паркетот (ВИДЕО)
Инцидентот се случи непосредно пред крајот на натпреварот, кога победникот веќе беше решен. Во ситуација под кошот, играчот на Монако, Хуан Бегарин од причини познати само нему, го удри кошаркарот на Дижон, Квентин Лозер во лицето. Силината на ударот направи расекотина на лицето на гостинскиот центар и веднаш потече крв од местото каде што беше удрен. Потоа тој експлодира.
Во обидот да возврати, сепак, беше спречен од неговите соиграчи, но и од играчите на Монако, кои со својата навремена и смирена реакција спречија понатамошна ескалација на конфликтот. Лозер беше лут како рис поради ударот што го доби, но повеќе, се чини, повеќе поради тоа што не успеа да возврати.
Напнатата ситуација брзо се смири и натпреварот беше доведен до крај. Нема сомнение дека Бегарин се соочува со строга казна од Француската кошаркарска лига за неговото улично однесување и насилство кон играч од противничкиот тим.