Скандал во Макаби: Функционер обвинет за силување малолетно лице
Сериозен скандал ги стресе редовите на евролигашот, откако медиумите објавија дека функционерот е под истрага.
„Спор5“ пишува дека истрагата опфатила и размена на пораки меѓу функционерот и малолетното лице, но и други докази кои треба да го решат случајот.
Семејството на малолетното лице, исто така, даде изјава и побара брзо решавање на случајот, но и казна за санкционерот.
Макаби во моментов се наоѓа на 11. место во Евролигата со 18 победи и 16 порази.
Фото: Facebook/Maccabi Tel Aviv Basketball