Брат му на Јокиќ пак дивее - му се пушти на навивач на Спарс (ВИДЕО)

Повозрасниот брат на Никола Јокиќ, Страхиња повторно се најде во центарот на вниманието поради неговото однесување на трибините за време на натпреварот помеѓу Денвер и Сан Антонио Спарс. Овојпат, неговата реакција беше насочена кон навивач на противничкиот тим.

Српскиот центар погоди 15 слободни фрлања, што предизвика негодување и потсмев кај некои навивачи на гостинскиот тим, кои веруваа дека судиите премногу го штитат. Тоа го испровоцира Страхиња, па на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како тој бурно реагира и вика на навивач на Спарс кој му се смеел на Никола откако бил досуден фаул. На навивачот очигледно не му беше удобно, но ситуацијата брзо се смирила без никаков поголем инцидент.

Ова не е првпат Страхиња да привлече внимание поради своето однесување на трибините. На крајот од минатата сезона, тој беше осуден на 12 месеци условна казна во САД за напад врз навивач за време на натпреварот помеѓу Денвер и Лос Анџелес Лејкерс, кој се одржа во април 2024 година.