Јокиќ испиша нова историја во НБА и тоа против огромниот Вембањама (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар, Никола Јокиќ, продолжува да ги руши границите и да прави нешта што досега изгледаа невозможно, откако во триумфот на Денвер Нагетс против Сан Антонио Спарс (136-134) повторно беше во центарот на вниманието со партија за историја.

Сомборецот натпреварот го заврши со 40 поени, 8 скока и 13 асистенции, дополнети со три блокади. Шутот од игра му беше 13/25, додека зад линијата за три поени реализираше 1 од 5 обиди, минувајќи дури 44 минути на паркетот. Но, вистинската сензација се крие во еден податок: Јокиќ стана првиот центар во историјата на НБА лига кој остварил меч со најмалку 40 поени и 10 асистенции – без ниту една загубена топка! Со тоа, неговото име се најде во иста реченица со легендi како Лери Бирд, Лука Дончиќ и Ворлд Би Фри – единствените кои некогаш имале ваков статистички подвиг.

Особено импресивно е што ова го направи против тим кој го предводи играч што многумина го сметаат за најдобар дефанзивец денес – Виктор Вембањама. За Србинот е уште една неверојатна сезона – по 61 натпревар просечно бележи 27,7 поени, 12,9 скокови и 10,8 асистенции. Со ваква константност и контрола, јасно е – Јокиќ не само што игра кошарка, туку ја редефинира од натпревар во натпревар.

ФОТО: X / @nuggets