Хет-трик на Халанд: Манчестер сити го распарчи Ливерпул во ФА-купот (ВИДЕО)

Манчестер сити се пласира во полуфинале на ФА-купот, откако со убедливи 4-0 го декласира Ливерпул.

Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд стрелаше двапати во првото полувреме, и тоа од пенал во 39. минута и потоа во судиското надополнување за предност од 2-0 на „граѓаните“.

По пет минути игра во вториот дел, Антоан Семењо зголеми на 3-0, а во 57. минута Халанд го комплетира неговиот хет-трик и ја запечати победата од 4-0.

Фото: Facebook/Manchester City