Двојна катастрофа за Лејкерс – дебакл од Оклахома и повреда на Дончиќ (ВИДЕО)
На гостувањето кај шампионот Оклахома Сити загуби со 96-139, но многу полоша е повредата на Лука Дончиќ кој почувствува болки во задната ложа и најверојатно му претстои пауза и тоа во најлош можен момент. Словенецот почувствува болка уште во првото полувреме, но при една акција во третата четвртина само ја остави топката и легна на паркетот, алармирајќи дека не може да продолжи.
Веќе почнаа проценките за неговата повреда кои се движат од една до шест недели, во зависност од степенот. Во текот на денешниот ден тој ќе помине на магнетна резонанца по што ќе се утврди за што точно се работи. Ако е најлошата варијанта, за Дончиќ сезоната е завршена, а Лејкерс дефинитивно ги губи шансите за евентуално освојување на шампионската титула.
И додека играше, Дончиќ не блескаше, постигна само 12 поени за 25 минути, со шут од игра 3/10. Најдобар играч на мечот беше Гилџес Александер со 28 поени, седум скока и седум асистенции, а кај Лејкерс не се истакна особено ни Леброн Џејмс кој стигна до 13 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Феникс 127-107
Детроит – Минесота 113-108
Оклахома – ЛА Лејкерс 139-96
Голден Стејт – Кливленд 111-118
Портланд – Њу Орлеанс 118-106
ЛА Клиперс – Сан Антонио 99-118