Вудс во шок по сообраќајката: Објавена снимка од апсењето на голферот (ВИДЕО)

Легендарниот голфер Тајгер Вудс предизвика тешка сообраќајка, по што беше приведен од полицијата, а снимките од камерите поставени на полицајците беа објавени во јавност.

На нив може да се забележи како голферот е изненаден затоа што полицајците му ставија лисици по несреќата.

Вудс беше приведен, откако одбил да направи тест за користење на недозволени средства, а против него се поднесени неколку обвиненија.