Шпанците заборавија на Јамал и го повредија со контроверзно скандирање
Јамал по средбата се огласи со соопштение на социјалните мрежи.
„Јас сум муслиман, фала му на Бога. Вчера се слушаше скандирање кое знам дека беше упатено кон противничкиот тим и дека не беше лично против мене, но како муслиман, тоа сепак претставува непочитување и нешто неприфатливо.
Разбирам дека не се сите навивачи такви… но на оние кои пеат такви работи им порачувам: користењето на религијата како шега на стадионот ве прави необразовани и расистички настроени. Фудбалот е тука за да се ужива и навива, а не за да се навредуваат луѓето поради тоа кои се или во што веруваат.
Сепак, благодарност до сите кои дојдоа да не поддржат – ќе се видиме на Светското првенство“, порача Јамал.
Ќе потсетиме, Шпанија пред вчерашниот дуел ја победи Србија во пријателски натпревар со 3-0.