Роналдињо почнува нов бизнис, а за првиот проект инспирација ќе му биде - Мундијалот!
Роналдињо остави длабока трага во фудбалот, а сега сака се прослави и во музичката индустрија. Според најавите издавачката куќа би била со седиште во Мајами каде што ќе може да поврзе различни култури и пазари.
Освојувачот на Светското првенство во 2002 година изјави дека овој деловен потег за него е природна логика, со оглед на неговата доживотна страст кон ритамот и мелодијата.
„Музиката секогаш била голем дел од мојот живот. Ме следеше во најважните моменти, како на теренот, така и надвор од него. Сега таа енергија сакам да ја пренесам секаде – да ги спојувам културите и да создадам можности за уметници од целиот свет“, изјави бразилскиот ас.
Главниот проект на новата издавачка куќа ќе биде албум инспириран од Светското првенство, дизајниран да ја долови глобалната еуфорија што го следи турнирот од 11 јуни до 19 јули.