Италијански новинар среќен ја напуштил Босна - 60-годишник му допрел до срцето!

Италијанскиот новинар Танкреди Палмери и покрај елиминацијата на неговата репрезентација и поразот од Босна во Зеница, сепак до некаде среќен си заминал дома, а најголем „виновник“ за тоа бил 60-годишник на кого не му го знае ниту името. 

Според објавата на Палмери на социјалните мрежи непосредно пред да ја напушти Босна доживеал искуство кое ќе го памети до крајот на својот живот и кое му допрело до срцето.

„Навистина морам да ви кажам што штотуку се случи. Појадуваме во кафуле со колега пред да заминеме на аеродром. Мирно е наоколу, ден по славјето. Завршивме и токму кога требаше да станеме да платиме, 60-годишен маж одненадеж се појави, ја зеде нашата сметка и отиде до шанкот. На почетокот не разбирав, мислев дека сака да се пошегува со нас. Потоа почнува да разговара со келнерката и да вади пари, додека таа се смее. Го прашувам: „Што правиш?“. Тој се насмевна, климна со главата и продолжи да плаќа, кажувајќи нешто на босански, па „не, не, не“. Му велам: „Зошто? Но зошто?“.

Тој намигнува и вели „во ред е“, додека сите келнерки веќе се смеат. Повторно му велам: „Не мораш“. Потоа му му пријдов и го прегрнав. Кога си заминуваше, го прашав: „Кажи ми го името“ на што тој одговори: „Италија, Италија, сè е во ред“ и си замина“, напиша Палмери.

Тој дополнително истакна дека станувало збор за човек кој имал лице на некој кој поминал многу низ животот.

„Колку време ни е потребно за да сведочиме ваков чист чин на добрина? Колку подобар може да биде животот со малку љубезност? Ти благодарам, Босно. Ти посакувам среќа на Светското првенство“, заврши Палмери.