Историја во НБА: Три браќа за првпат заиграа за еден тим

Алекс Адетокумбо дебитираше за Милвоки Бакс во победата над Далас, а со тоа испиша и историја во НБА.

Младиот 24-годишен кошаркар помина три минути на паркетот и постигна три поени, што беше негов прв настап оваа сезона за Бакс. Со тоа, за првпат во историјата, тројца браќа се најдоа во состав на еден НБА тим.

Иако Алекс, Танасис и Јанис не заиграа заедно на паркетот против Далас, самиот факт што Алекс доби минутажа значи дека и официјално е дел од ростерот на Милвоки.

„Сега можам да се пензионирам. Сè направив“, се пошегува Јанис во моментите кога неговиот брат ги реализираше слободните фрлања.

Алекс не го криеше воодушевувањето по историскиот момент:

„Неверојатно е. Да ги гледам моите браќа како ме поддржуваат и водат… Сонував за ваков момент и конечно го доживеав. Сонот ми се оствари. Јас пораснав во Милвоки и ова што се случи е навистина лудо. Не можам ни да избројам колку натпревари на Бакс имам изгледано“, изјави Алекс.