Охриѓани договорија и српски репрезентативец - лев бек со две тешки операции зад себе!
Според тамошните медиуми, од следната сезона дресот на „рибарите“ ќе го носи српскиот репрезентативец, Никола Зечевиќ, кој игра на позицијата лев бек. Тој изминатиов период настапува за Партизан, но очигледно не се вклопува во замислите на новиот тренер на црно-белите, „нашиот“ Раул Гонзалес, па најде нова средба која е идентично амбициозна. За него ова ќе биде прв интернационален трансфер.
Според стручњаците од нашето северно соседство, станва збор за талентиран 24-годишник кој може многу да даде и покрај фактот што зад себе веќе има две тешки операции и тоа на лигаментите на двете колена.