Турција и Шведска одат на Мундијалот, продолженија во Зеница и Прага (ВИДЕО)
По пауза од 24 години, на Мундијалите се враќа репрезентацијата на Турција која во Приштина го совлада Косово со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Керем Актуркоглу во 53. минута по што домашната селекција не успеа да одговори. Турците последен пат играа на Мундијал во 2002 година кога и остварија огромен успех со освојувањето на третото место. Претходно настапија само уште во 1958 година. на претстојниот шампионат ќе биде во групата Д, со домаќинот САД, потоа Парагвај и Австралија.
На Мундијалите се враќа и Шведска која не чекаше толку, но не играше на претходното првенство. Она што се случи во Солна беше вистинска спортска неправда бидејќи иако Полска беше далеку подобра, Швеѓаните славеа со 3-2. Еланга отвори, Залевски израмни на 1-1, а домаќинот замина на пауза со водство, благодарение на голот на Лагербиелке. Свидерски повторно го израмни резултатот по десет минути игра во вториот дел, но Ѓокереш со својот најважен гол за репрезентацијата, во 88. минута ѝ донесе победа на Шведска која на Светското првенство ќе игра во групата со Холандија, Јапонија и Тунис.
Дуелите меѓу Чешка и Данска и БиХ и Италија завршија со 1-1 и на нив во моментов се играат продолженија.