Фантастична кореографија на босанските навивачи, „гореа“ и зградите околу стадионот (ВИДЕО)

Вистинско фудбалско уживање има вечерва во Зеница каде се среќаваат БиХ и Италија, а сето тоа беше најавено пред самиот почеток на мечот, додека се интонираа химните на двете држави.

Присутните на стадионот Билино Поље се погрижија за прекрасна атмосфера, но не останаа покуси и жителите во околните објекти.

Зградите зад стадионот буквално гореа од факелите на навивачите, слика каква ретко се гледа на фудбалските натпревари.