Никој не е над Наполи: Лукаку ќе биде казнет, па ќе „летне“ од Неапол
Италијанските медиуми пишуваат дека потегот на Лукаку ептен го налутил раководството на тимот, кое порача дека никој не е над правилата на клубот и затоа Белгиецот следното лето ќе ги пакува куферите.
Лукаку претходно замина за Белгија и одби да одговори на повиците од Наполи затоа што се соочувал со здравствени проблеми, односно посочи дека имал тешка повреда и лична загуба поради која сакал да остане во татковината.
Фото: Facebook/SSC Napoli