Башкими се распаѓа: Плата нема со месеци, не се тренира, а против Тиквеш со – младинци?!
Нашиот извор вели дека фудбалерите и стручниот штаб немаат земено плата со месеци, што секако го зголемува револтот во тимот. Пред Башкими следниот викенд е пресметка против Тиквеш на домашен терен, на која се очекува кумановци да настапат со младински состав засилен со тројцата странци, кои живеат на самиот стадион. Сето ова е потврда за распад-систем, кој тешко би можел да биде надминат, особено во ситуација кога раководните луѓе на клубот, неофицијално, имаат големи проблеми неповрзани со фудбалскиот тим.
Башкими минатото лето по 17 години се врати во Првата лига и играше одлично во поголемиот дел од сезоната. Поради тоа во моментов се наоѓа на шестата позиција на табелата со 35 бодови, дури седум повеќе од Брера, која е прва под линијата што води во баражот за опстанок, како и 13 бодови повеќе од Пелистер, кој е прв под линијата што гарантира директно испаѓање. Составот од Куманово изминатиов период беше посочен во низа афери со местенки и за неколку негови средби се водат официјални истраги за нечесни работи.