Франција по Бразил, ја реши и Колумбија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Франција славеа победа и во вториот пријателски натпревар во овој циклус откако со 3-1 на гостински терен вечерва се радуваа против Колумбија.

Килијан Мбапе натпреварот го почна од клупата и во игра влезе во завршните десетина минути, меѓутоа и без него избраниците на Дешамп беа ефикасни. Во првото полувреме за водство од 2-0 се погрижија Дезире Дуе и Турам кои стрелаа во 29-тата и 41-та минута.

Во вториот дел Дуе и и вторпат се запиша во листата на стрелци, додека Колумбијците голот за утеха го постигнаа преку Кампаз во 77-та минута.

Мбапе во игра влезе на местото на Маркус Турам една минута по голот на Колумбија.