„Седмица“ на Јакимовски, Тренто славеше важна победа

Екипата на Тренто стигна до важна победа против Венеција од 106:87 на гостински терен со што тимот се врати на осмата позиција и трката за место во плеј-офот.

Пред натпреварот Венеција ја имаше фаворитската улога бидејќи пред дуелот беа четврти на табелата. Сепак, Јакимовски и соиграчите одиграа на високо ниво и уште во првото полувреме имаа водство од 51-36.

Во продолжение Венеција во ниту еден момент не успеа посериозно да се доближи и да ја загрози победата.

Натпреварот Јакимовски го завршои со седум поени, три скока и една украдена топка за 27 минути поминати на паркетот.