МЗТ едвај ја доби 45-минутната драма со Работнички и го испрати во борба за опстанок (ФОТО)

Кошаркарите на МЗТ Скопје дојдоа до уште една победа на Супер лигата со која остануваат за игра за првото место во плејофот, откако вечерва, на домашен терен во прекрасен амбиент пред околу 2.000 гледачи, го совлада вечниот ривал Работнички (97-93) по едно продолжение.

Тоа беше вистински ролекостер, кој донесе повеќе пресврти и тоа во моментите кога се решаваше средбата. Аеродромци дополнителните пет минути ги завршија со фуриозни 9-1 со што се издигнаа од бездната (88-92) во која се најдоа на половина од екстра периодот. За тоа им помогна и петтата лична грешка на фантастичниот вечерва Роберт Рикиќ, како и мирната рака на Марин Петков, кој во низата погоди пет слободни фрлања по ред. Сино-белите имаа голема шанса работите да ги завршат во регуларниот дел, имаа 79-74 пред почетокот на 40. минута, но потоа влегоа во криза, па му дозволија на Виктор Ефремовски со луда тројка на три секунди до крајот да изедначи на 81-81. Потоа Мек Смит погоди за победа, но кошот бил постигнат по звукот на сирената па играта мораше да продолжи.

За Работнички овој пораз значи дефинитивен пласман во Плеј аут лигата односно првпат играње за опстанок во елитата, што воопшто нема да биде лесна задача за центарци со оглед на големата конкуренција за третото место кое води во Втората лига. Црвено-белите може да жалат за пропуштената шанса, со оглед што ова може беше нивниот најдобар меч сезонава, во кој долго водеа, а во еден момент и со плус 11 (24-13). Но, малиот фонд играчи се покажа како клучен, па на крајот мораа да му честитаат на противникот.

Смит со 25 поени, 5 скока и 7 асистенции беше најдобар кај „металците“, каде што двоцифрен ефект имаа уште и Марин Петков со 18 поени и 11 асистенции, Душат Танасковиќ и Чарлс Гил со по 14 поени и по 6 скока, додека Дамјан Стојановски средбата ја заврши со 11 поени и 10 скока. Ефремовски со 27 поени и 8 скока и Рикиќ со 25 поени и 15 скока беа најдобри кај гостите од „Градски парк“.

МЗТ Скопје дојде до скор 19-2, исто колку што има и лидерот ТФТ, но со бод помалку, тој што аеродромци ги изгубија поради службениот пораз од Ангели. Центарци, пак, имаат учинок 8-13 односно две победи помалку од конкурентите за плејоф-фазата, што значи дека веќе може да се подготвуваат за грчевита борба за опстанок.