Косовски голгетер може да го замени Левандовски во Барса!
Според дел од шпанските медиуми, каталонскиот гигант веќе стапил во контакт со претставниците на младиот напаѓач, a на оваа тема зборуваше и неговиот агент Ајман Дахмани.
„Интересот на Барселона е реален и можам да потврдам дека веќе воспоставивме контакт“, изјави Дахмани.
Сепак, реализацијата на трансферот нема да биде лесна, бидејќи германскиот клуб нема намера лесно да се откаже од својот напаѓач. Аслани има важечки договор до 2029 година, а секој заинтересиран клуб ќе мора да ја активира откупната клаузула.
Според информациите, висината на клаузулата се движи меѓу 25 и 30 милиони евра, а од неговото опкружување порачуваат дека нема да има преговори за пониско обесштетување.
Во актуелната сезона одигра 28 натпревари во дресот на Хофенхајм во сите конкуренции, при што забележа девет голови и шест асистенции.
Минатата сезона, како позајмен фудбалер во Елверсберг, се истакна со одлични настапи во втората германска лига, постигнувајќи 18 погодоци. Во Барселона би можел да пристигне како замена за Роберт Левандовски на кого договорот му истекува на крајот оваа сезона.