Дерби за „десетка“: Драма на теренот, гласни навивачки групи и без никаков инцидент (ФОТО)
„Фемили“ и „Сити Парк Бојс“ во голем број се најдоа на своите места на трибините, давајќи им силна поддршка на своите миленици, секако со добро познати слогани кои тешко може да се оценат за пристојни, но кои се во рамките на навивачката нормала. Имаше и пецкање со транспаренти, што воопшто не беа вулгарни и навредувачки како во некои други времиња.

Напредокот беше во делот на фрлање било какви предмети на паркетот, нешто што било редовно во минатото, а немаше ниту плукање, што исто така беше редовна појава на натпреварите во макбаскетот. Сето ова, заедно со големиот број „неутралци“ или вкупно две илјади присутните во салата во Аеродром заслужи чиста десетка.

Сето ова дава надеж дека кошарката повторно ќе влезе во мода и дека и до крајот на сезоната ќе гледаме уште барем неколку вакви дуели, со драма на теренот и спектакл на трибините.

