„Седмица“ на Јакимовски, Тренто славеше важна победа
Пред натпреварот Венеција ја имаше фаворитската улога бидејќи пред дуелот беа четврти на табелата. Сепак, Јакимовски и соиграчите одиграа на високо ниво и уште во првото полувреме имаа водство од 51-36.
Во продолжение Венеција во ниту еден момент не успеа посериозно да се доближи и да ја загрози победата.
Натпреварот Јакимовски го завршои со седум поени, три скока и една украдена топка за 27 минути поминати на паркетот.