Куманово најдобар кога беше најпотребно, сензација во Битола

Куманово го победи Кожув со 89-82 и направи голем чекор кон пласман во плејофот, Тиквеш со 88-82 славеше на гостувањето кај Пелистер.

Куманово и Кожув одиграа интресен меч кој го добија домаќини, ова за нив беше многу важна победа за пласман во плејофот. 

Гостите одлично го почнаа мечот и ја добија првата четвртина со 32-24, но потоа се променија работите, Куманово ја намали негатива и го сврте резултатот стигнувајќи го победа од 89-82.

Стевановиќ имаше фантастичен меч со 30 поени и 10 скокови во домашниот тим, најефикасен кај Кожув беше Боуен со 20 поени, имаше и 11 скокови.

Тиквеш остана во игра за плејоф балгодарение на фантастичната победа на гостувањето кај Пелистер остварена во последната четвртина.

Последните десет минути Тиквеш ги доби со 26-15 и го сврте резултатот до победа од 88-82.

Парсонс со 21 поен и 13 скокови беше најдобар кај Тиквеш, Хокинс даде 20 поени, во составот на Пелистер Митревски реализираше 15 поени.