Превц скокна најдалеку на Планица, но не дојде до уште една победа

Мариус Линдвик дојде до победата на последното натпреварување од Светскиот куп кое беше одржано на познатата Планица.

Норвешкиот скокач до победата дојде најмногу благодарение на својот прв скок од 238.5 метри, а во вториот прескокна 231 метар што беше доволно да освои 459 поени и да слави победа.

Домен Прев го имаше најдолгиот лет во денот со 240.5 метри, меѓутоа сега не успеа да дојде до победа и заврши на второто место со 459.5 поени. Трет беше уште еден Норвежанец, Јохан Андре Форфанг со освени 441.3 поени.

Зад Превц е одлична сезона во која го освои Кристалниот глобус во скијачки скокови и скијачки летови, а освен тоа додаде и два златни медали од Олимписките игри во Италија.