Им се враќаат лоши спомени на „аѕурите“: Судијата од мечот со Македонија ќе го води дуелот со БиХ
Назначувањето на Турпан им враќа лоши спомени на „аѕурите“ бидејќи Французинот беше главен судија на несреќниот пораз за Италија со 0-1 од Македонија во полуфиналето од плејофот за Светското првенство во 2022 година, што ги чинеше „сините“ учество на Мундијалот во Катар. На мечот во Палермо, Македонија тогаш победи со голот на Александар Трајковски во финишот и покрај тоа што Италија беше назначена за голем фаворит.
Тој дуел е еден од петте претходни натпревари на Италија што ги судел Турпан, а со кого „аѕурите“, сепак имаат позитивен биланс. Тој судеше во победата со 3-0 над Уругвај во 2017 година, победата од 2-0 над Полска во Лигата на нации во 2020 година, поразот од 1-3 од Англија во квалификациите за Евро 2024 и победата од 3-0 над Израел во квалификациите за Светското првенство претходно оваа сезона.
На Турпан сега ќе му помагаат сонародниците Николас Даго и Бенџамин Паж, додека четврти судија ќе биде шпанскиот судија Хозе Марија Санчез. Во ВАР собата ќе работат Французите Жером Брисар и Вили Делажо. Победникот од дуелот меѓу БиХ и Италија обезбедува пласман на Светското првенство во Северна Америка.