Ужас на стадионот на кој ќе се отвори СП 2026 – навивач падна од ложата и почина!
Инцидентот се случил на објектот попознат по неговото старо име „Естадио Ацтека“, каде што се одигра пријателскиот меч меѓу Мексико и Португалија, кој заврши без голови. Натпреварот имаше тест-карактер, со оглед дека стадионот неодамна беше реновиран за да ги исполни роковите, пред да биде домаќин на свеченото отворање на Светско првенство на 11 јуни. Со тоа, овој стадион ќе стане прв во историјата што ќе биде домаќин на натпревари од три различни Мундијали.
Според информациите од властите, починатиот бил под дејство на алкохол и се обидел да се префрли од ложата на второто ниво кон пониското, движејќи се по надворешниот дел од конструкцијата. При тоа, изгубил рамнотежа и паднал на приземјето. Иако натпреварот се одигра без инциденти на теренот, трагедијата фрли сенка врз настанот што требаше да биде симбол на нов почеток за еден од најпознатите стадиони во светот.