Барселона и уште неколку гиганти во битка за потписот на репрезентативец на Косово!
Според информациите, каталонскиот клуб веќе воспоставил контакт со претставниците на 22-годишниот напаѓач, а неговиот агент Ајман Дахмани потврди дека интересот е конкретен.
„Интересот на Барселона е реален и можам да потврдам дека клубот веќе стапи во контакт“, изјавил Дахмани.
Сепак, евентуалниот трансфер нема да биде лесен, бидејќи Аслани има договор со Хофенхајм до 2029 година, а германскиот клуб нема намера да попушти околу цената. Според проценките, заинтересираните клубови ќе треба да платат меѓу 25 и 29 милиони евра за да ја активираат откупната клаузула. Тој сезонава игра во одлична форма и има девет голови и шест асистенции на 28 натпревари во сите конкуренции, а добрата форма ја потврдува и во дресот на Косово, каде на последните седум натпревари постигна четири гола.
Освен Барселона, ситуацијата внимателно ја следат и Челси и Тотнем, па летово лесно може да се отвори голема битка за неговиот потпис. Во Барса го гледаат како поевтина алтернатива за засилување во нападот, особено ако пропадне планот за ангажман на Хулиан Алварез од Атлетико Мадрид.