Сабаленка го освои Мајами и влезе во елитно друштво
Сабаленка стана само петтата тенисерка во историјата која го комплетираше таканаречениот Саншајн Дабл (Индијан Велс и Мајами). Покрај неа овие два турнири еден по друг ги освоиле уште Штефи Граф, Ким Клајстерс, Викторија Азаренка и Ига Швјонтек.
Во одлична атмосфера пред полни трибини се играше финалето меѓу Сабаленка и Гоф. Навивачите уживаа повеќе од два часа.
Сабаленка отвори доминантно го доби првиот сет со 6-2, но Гоф не се предаде, во следниот беше подобра со 6-4 и изедначи на 1-1.
Сепак, белоруската тенисерка не дозволи пресврт, третиот решавачки сет го доби со 6-3 за победа од 2-1 во сетови и нова освоена титула.