Епска тепачка на меч во Црна Гора – двајца нокаутирани, еден потешко повреден (ВИДЕО)
Инцидентот се случил во 58. минута, при водство на домашните од 27-24, кога Дамјановиќ дивјачки стартуваше врз Филип Газдиќ и го фрли на паркетот со огромна сила, при што постои сомнеж за потешка повреда. Ситуацијата дополнително ескалираше кога Драган Јелушиќ притрча да реагира, но беше удрен со тупаница, додека Дамјановиќ оттурна и официјално лице на клубот. Во целиот хаос, Перо Правиловиќ со колено го удри Јелушиќ во глава.
Судиите Милован Марковиќ и Немања Барац доделија повеќе сини картони – за Дамјановиќ, Јелушиќ, како и за Правиловиќ и Данило Марковиќ, па сега следуваат строги санкции. Според најавите, токму Дамјановиќ би можел да добие и најтешка казна, со што неговата кариера би била доведена во прашање. На теренот, Рудар Пљевља славеше со 28-24 и се пласираше на завршниот турнир, каде ќе играат и Будванска Ривијера и Ловќен.