Дориев: Нè очекува Ирска, одиме напред со кренати глави!
Пред овој дуел за медиумите зборуваше напаѓачот Љупче Дориев кој во Копенхаген доби шанса од клупата за резерви.
„Мислам дека одигравме многу добро прво полувреме против Данска, но потоа се случи еден брз и неочекуван гол. Тоа беше на самиот почеток на второто полувреме и малку нè дестабилизираше. Се виде дека влеговме во шок и кратка деконцентрација, што противникот го искористи. Станува збор за квалитетна репрезентација, но од наша страна продолжуваме понатаму.
Нè очекува натпревар со Ирска и треба да гледаме напред, со кренати глави и со атмосфера на највисоко ниво. Верувам дека нè очекуваат добри натпревари. Ова е само почеток. Натпреварот со Данска беше прв со нов селектор, со нова визија и пристап. Имаме квалитет, само треба да го склопиме во целина“, изјави Дориев.
Ќе потсетиме, Македонија во Даблин ќе патува во изменет состав, селекторот Седлоски нема да смета на Трајковски, Атанасов и Миовски.