Oхрид доби прилика да побегне, Беласица освои бод во Сингелиќ!
Шкендија Арачиново со ова реми му дозволи на Охрид кој подоцна го чека тежок испит против Брегалница во Штип да ја зголеми предност на врвот на табелата.
На денешниот дуел домаќините беа подобар противник создадоа и повеќе прилики за гол, најголемата ја имаа на 15-тина минути до крајот кога беше погодена пречката од голот на струмичани. Сепак, изостана реализацијата па бодовите беа поделени.
Натпреварот помеѓу Брегалница и Охрид е единствениот кој од ова коло ќе се одигра во терминот од 18:00 часот.
ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ
Koжуф – Големо Коњари 3-0
Новаци – Преспа 2-0
Осогово – Слога Виница 3-0
Победа – Детонит 0-6
Тетекс – Каменица Саса 3-0
Вардар Неготино – Скопје 0-2