Не му оди на Просинечки - прими пет гола од Мадагаскар!
Натпреварот беше решен уште во првиот дел кој Мадагаскар го доби со високи 4-0. Стрелци беа Арно Рандрианантенаина, Томас Фонтен, Ворен Кади и Клемент Кутурије. Киргистан се врати со два брзи гола, постигнати во 58. и 62. минута од Бекназ Алмазбеков и Бектур Кочконбаев, а конечниот резултат го постави Кади со својот втор погодок.
Репрезентацијата на Мадагаскар моментално е 104. на светот, додека Киргистан, кој од декември го води Просинечки, зазема 105. место на ФИФА листата. Последната победа на Киргистан беше пред една година на 25 март 2025 година, кога сензационално со 3-1 го победи Катар во азиските квалификации за Светското првенство.