Втор пораз за надежите до 17 години, Франција славеше со пресврт
Македонија до предност стигна во 22 минута кога Џангаровски реализираше најстрога казна, сепак Франција само минута подоцна преку Лофондоу дојде до изрманување.
Со по еден гол на двете страни се замина и на паузата. Одлучувачкиот момент се случи по еден час игра кога Амауч стрелаше за 2-1.
За Македонија ова беше втор пораз по стартниот од Германија исто така со 2-1.