Македонија без Трајковски, Атанасов и Миовски против Ирска!

Македонската фудбалска репрезентација во вторник ја очекува натпреварот против Ирска на гостински терен кој ќе нема некое големо резултатско значење, но е важно да се прикажеме во подобро издание по поразот во Копенхаген, а во него ќе има и одредени промени во составот.

Селекторот Седлоски нема да смета на услугите на Александар Трајковски, Бојан Миовски и Јани Атанасов. Коњаспор и кинески Далиан, клубовите на Енис Барди и Исник Алими, официјално побараа двајцата репрезентативци да бидат ослободени од репрезентативните обврски, но Барди и Алими имале јасен став дека сакаат да останат и бидат дел од националниот тим и ќе конкурираат за настап на дуелот.

Миовски по барањето на Ренџерс се повлекол, додека Јани Атанасов ќе отсуствува поради повреда. Трајковски од друга страна пак покажал незадоволство поради неговото изоставање за дуелот со Данска.

Дуелот против Ирска во Даблин Македонија исто така го игра во терминот од 20:45 часот.