Маџари го победи Феникс и обезбеди место во плеј-офот
Иако официјално беа гости натпреварот се играше во салата во Маџари, а тоа веројатно и им помгона да дојдат до победата.
Феникс беше подобар на почетокот и првата четвртина ја доби со 23-18, меѓутоа тоа како да беше се формалниот домаќин. Маџари полека ја преземаше контролата над играта и вториот период го добија со 21-11, па на пауза имаа пет поени предност (39-34).
Во продолжение гостите играа зрело и сигурно без да му дозволат на противникот да се врати во игра да направи пресврт.
Рахама кај Фениск беше најефикасен со 21 поен, додека на спротивната страна Хот, Димчевски и Армстронг запишаа по 16 поени. Овој триумф за Маџари беше 11-ти во сезоната, додека Фенис го забележа 13-тиот пораз.