Финалето во ЛШ сезонава за првпат ќе се игра во нов термин!

Финалето во Лигата на шампионите за оваа година доби нов термин и за првпат тоа нема да се игра традиционално од 21:00 часот.

Имено, битката за европските шампион најдобри две екипи од стариот континент сезонава ќе ја водат три часа порано од вообичаеното, односнјо од 18:00 часот.

УЕФА ја потврди ваквата одлука и објасни зошто терминот е променет. Имено, со новиот термин се олеснува враќањето на навивачите по натпреварот, но исто така и економски може да придонесе за домаќините бидејќи победниците би имале повеќе време да слават.

„Оваа промена ги става навивачите во нашиот фокус. Финалето е во Лигата на шампионите е најважниот натпревар во сезоната, а новиот почеток ќе го направи повеќе достапен за сите. Терминот од 21:00 часот е погоден за натпревари во текот на неделата“, објаснија од УЕФА.