Штип УГД против Борец ќе ја лови третата титула по ред во Купот

Одбојкарите на Штип УГД и ГОК Борец вечерва од 19.30 часот во СЦ „Јане Сандански“ ќе се соочат во борбата за трофејот во Купот на ОФМ 2026.

Штип УГД на патот кон финалето ја совлада Струмица 47&72 со убедливи 3-0, додека Борец беше подобар од Работнички 71&22 со 3-0 во сетови.

Штипјани триумфираа во претходните две финалиња во Купот, па сега ја бркаат третата титула по ред во натпреварувањето.

Финалето во Купот на ОФМ во машка конкуренција ќе може да се следи преку директен пренос на „МРТ3“.

Фото: Одбојкарска федерација на Македонија