Aнчелоти не бира време, повикал фудбалер во три часот по полноќ
Младиот стопер на Манчестер сити, кој моментално настапува како позајмен играч во Жирона, добил неочекуван повик да се приклучи на бразилската селекција за пријателскиот натпревар против Хрватска. Ситуацијата не би била толку необична доколку повикот не пристигнал околу три часот по полноќ, додека Реис спиел во својот дом во шпанскиот град.
Разбирливо, Реис останал во шок по веста, особено ако се земе предвид дека ниту тој, ниту неговиот стручен штаб очекувале повик во овој момент. Повикот следувал по поразот на Бразил од Франција со 2-1 во пријателски натпревар одигран во Бостон.
Младиот фудбалер кратко го прославил повикот со сопругата, стапил во контакт со родителите и соиграчите, а потоа веднаш отпатувал за Соединетите Американски Држави, каде што се очекува да дебитира за националниот тим.
Селекторот Карло Анчелоти се соочува со сериозни проблеми пред оваа репрезентативна акција, дефанзивецот на Арсенал, Габриел Магалеш отпадна поради повреда, додека Маркињос од ПСЖ од претходно е поштеден.
Во тековната сезона, Реис за Жирона одигра 29 натпревари, постигна еден гол и забележа една асистенција.