Преговорите започнале: Левандовски може да заврши во гигант од Серија А!

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски во овој период е со репрезентацијата, но истовремено се пишува и за неговата иднина бидејќи не е сигурно дека и наредната сезона ќе го гледаме во Барселона.

Левандовски има договор со Барселона до крајот на оваа сезона и засега нема најави за продолжување.

Италијанската „Газета дело Спорт“ пишува дека голем интерес за полскиот голгетер покажал Јувентус кој сака да го додаде во танемд со Душан Влаховиќ. Весникот истакнува дека претставник на „старата дама“ отпатувал и во Варшава со цел да ги забрза преговорите.

Левандовски неодамна и самиот зборуваше за својата иднина истакнувајќи дека и понатаму нема одлука.

„Ништо не се променило во врска со мојата иднина во Барселона. Не брзам да донесам одлука, ќе видам што е најдобро за мене“, истакна напаѓачот.

Претходно со Левандовски се поврзуваше и ривалот на Јувентус од Серија А, Милан, меѓутоа како опција се сменуваше и МЛС лигата.